Новата влада вети дека ќе буџетира за ретровирусна терапија и сервиси за превенција на ХИВ по заминувањето на Глобален Фонд

Македонски

Aidspan е непрофитна организација со седиште во Кенија чија мисија е да ја зајакне ефективноста на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија со тоа што служи како независен надзорник на Фондот и нејзините имплементатори на грантови, излезе со вест за Македонија и програмите за превенција на ХИВ.
 

Направивме интервју со Ана Јаковлева која работи на програмите за намалување на штети во ХОПС веќе со години. 

Која е улогата на програмите за намалување на штети од дроги?

Ана: Програмите за намалување на штети од дроги се насочени кон сеопфатна интервенција на проблемите на зависност, со оглед на тоа дека зависноста  не претставува само медицински проблем и не може единствено фармаколошки да биде решен. Она што овие програми го нудат надвор од медицинскиот третман на зависноста е и психо-социјална поддршка на клиентите и нивните семејства, што всушност може да се забележи и од самата внатрешна организација на програмите со постоење на медицински сервис, сервис за размена на опрема, социјален сервис, правен сервис, поддршка од психолог и психијатар.

Македонија се наоѓа во фаза на неизвесност во однос на континуитетот на превентивните програми за ХИВ вклучително и програмите за намалување на штети од употреба на дроги кои до сега ги спроведуваат граѓанските организации а беа финансирани од Глобалниот фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија.

ХОПС апелира за поддршката од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги.

Заврши јавниот повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.

Повикот беше отворен за сите новинари од печатените и електронските медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии. 

Првонаградената новинарска статија е на Елица Бочвароска со нејзиниот натпис „Државата не дава пари за ХИВ тестирање, ќе расте бројот на болни од сида“ и второнаградената новинарска статија е на Емилија Петреска.  „Со ХИВ се живее, но молчењето и стравот создаваат стигма.

Им честитаме на наградените за одличните статии.

 

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија датираат уште од 1996 година. Оттогаш до денес се развиени вкупно 17 такви програми, од кои четири во Скопје и по една во другите 13 градови. Овие програми се карактеризираат со комплементарност,  нудат повеќе услуги на едно место – размена на стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош. Токму поради ваквите карактеристики, овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко.

 

Во склоп на кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ имаме дел каде може да испратите приказна : Ти, јас, општеството и програмите за намалување на штети од употреба на дроги?

Нашите корисници на услугите од програмите за намалување на штети веќе почнаа да даваат изјави зошто им значат програмите за намалување на штети од дроги.

Годинава му се обративме на Моби ( mobygratis.com​), за да биде дел од нашата кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница” чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.

Ја добивме неговата поддршка со гратис користењето на неговата песна Dashed Ambitions. Ти благодариме Моби и на сите вас во видеото за сите вложени години наназад и за целета поддршка во текот на кампањата! #supportdontpunish #спасиживоти

 

И оваа година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е дел од меѓународната кампања Support. Don't Punish. Подржи не казнувај. Главна цел на оваа кампања во Македонија е одржливоста на програмите за намалување на штети од употреба на дроги . 

Македонија се наоѓа во фаза на неизвесност во однос на континуитетот на превентивните програми за ХИВ вклучително и програмите за намалување на штети од употреба на дроги кои до сега ги спроведуваат граѓанските организации а беа финансирани од Глобалниот фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија. Имено, проектот за превенција на ХИВ финансиран од страна на Глобалниот Фонд завршува на 30 Јуни и постои сериозна опасност без соодветна финансиска подршка од страна на Министерството за здравство и Владата на РМ најголемиот дел од овие програми да престанат да работат. 

 

(Скопје, 22.06.2017) - „Со клучни одлуки до здрава заедница“ е кампања на Здружението на граѓани ХОПС, за континуирана финансиска поддршка на програмите за намалување на штетите од употреба на дроги. Кампањата е воедно повик до носителите на одлуки за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Програмите за намалување штети се карактеризираат со комплементарност и нудат повеќе услуги на едно место. Размена на стерилен прибор за инјектирање, дистрибуција на кондоми, услуги од медицинско лице за советувања, базичен третман на рани поради долготрајно и неправилно инјектирање, едукации, како и социјален работник за поддршка за остварување на правата од социјална и здравствена заштита, асистенција и придружување на клиенти до соодветни институции и организации, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош се бројните функции на овие програми.

Достапноста  на  програмите за нас како спроведувачи значи да ги сведеме на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги. Програмите ни овозможуваат да едуцираме, да интервенираме при размена на стерилен прибор, да советуваме преку нашите стручни соработници и на повеќе начини да им помогнеме на луѓето кои употребуваат дроги и нивните семејства. Токму поради ваквите карактеристики, овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко. Ваквиот пристап и овој процес има и економски аспект, односно е неколку пати поевтин отколку трошокот за лекување на зависноста“, изјави Христијан Јанкулоски, извршен директор, ХОПС.