Програмата за заштита на населението од ХИВ за 2018 година ќе добие 103 милиони денари од Владата и Министерството за здравство со што ќе се обезбеди континуирана антиретровирусна терапија за пациентите со ХИВ и одржување на програмите за превенција кај клучните популации засегнати од ХИВ. На меѓународната конференција „Модели за финансирање на програмите за превенција на ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги“ покрај презентирање на европските искуства во однос на моделите за финансирање, беа донесени и заклучоци за понатамошното функционирање на овие програми.

На конференцијата учествуваа претставници на здруженијата, Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, Заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски и Венко Филипче, Советникот за здравство на претседателот на владата на Република Македонија како и пратеници од Собранието, претставници на министерства и на институциите, експерти и гости од Хрватска и Чешка.

Добивме значајна поддршка и средства се кои се осигурува понатамошната непречена работа на програмите за заштита од ХИВ и намалување на штети од употреба на дроги, но исто така што е многу позначајно, договоривме една солидна основа за создавање на долгорочно решение со ефикасно и ефективно финансирање, на корист на сите страни. Заедно си поставивме обврски што треба да ги изработиме со галопирачка динамика и навремено да создадеме нормално и непречено финансирање и одвивање на активностите на програмите. Овој исход посебно нè радува затоа што од институциите и ресорните министерства добивме потврда за добрите резултати од нашата работа како и тоа дека постои разбирање за важноста и потребата од овие програми“, изјави Христијан Јанкулоски, Извршен директор на ХОПС.

На вчерашаната конференција организирана од нашата невладината ХОПС- опции за здрав живот, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, изјави: „Потребно е да се најде соодветен модел за финансирање на овие програми, кои во најголем дел ги спроведуваат невладините организации, а не та како што е досега да зависи од политичката волја на некој министер. Можеме да финансираме и бизнис и граѓански сектор, но затоа се потребни регистар, стандарди, па потоа утврдување на цена на чинење“.

Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски рече дека Министерството е отворено за сите предлози и дека ја подржува заложбата да се најде системско решение за превентивните програми. Воедно потенцираше дека еден денар во превенција штеди 10 денари во лекување. Тоа го кажа од аспект на  гинеколог, кој на Клиниката за гинекологија ја породи првата ХИВ позитивна родилка во 1997 година. Исто така нагласи дека мора да се направи стратегија за превенција која нема да зависи од политичката волја.

Новата влада вети дека ќе буџетира за ретровирусна терапија и сервиси за превенција на ХИВ по заминувањето на Глобален Фонд

Македонски

Aidspan е непрофитна организација со седиште во Кенија чија мисија е да ја зајакне ефективноста на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија со тоа што служи како независен надзорник на Фондот и нејзините имплементатори на грантови, излезе со вест за Македонија и програмите за превенција на ХИВ.
 

Направивме интервју со Ана Јаковлева која работи на програмите за намалување на штети во ХОПС веќе со години. 

Која е улогата на програмите за намалување на штети од дроги?

Ана: Програмите за намалување на штети од дроги се насочени кон сеопфатна интервенција на проблемите на зависност, со оглед на тоа дека зависноста  не претставува само медицински проблем и не може единствено фармаколошки да биде решен. Она што овие програми го нудат надвор од медицинскиот третман на зависноста е и психо-социјална поддршка на клиентите и нивните семејства, што всушност може да се забележи и од самата внатрешна организација на програмите со постоење на медицински сервис, сервис за размена на опрема, социјален сервис, правен сервис, поддршка од психолог и психијатар.

Македонија се наоѓа во фаза на неизвесност во однос на континуитетот на превентивните програми за ХИВ вклучително и програмите за намалување на штети од употреба на дроги кои до сега ги спроведуваат граѓанските организации а беа финансирани од Глобалниот фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија.

ХОПС апелира за поддршката од граѓаните за продолжување на програмите за намалување на штетите од дроги.

Заврши јавниот повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.

Повикот беше отворен за сите новинари од печатените и електронските медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии. 

Првонаградената новинарска статија е на Елица Бочвароска со нејзиниот натпис „Државата не дава пари за ХИВ тестирање, ќе расте бројот на болни од сида“ и второнаградената новинарска статија е на Емилија Петреска.  „Со ХИВ се живее, но молчењето и стравот создаваат стигма.

Им честитаме на наградените за одличните статии.

 

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија датираат уште од 1996 година. Оттогаш до денес се развиени вкупно 17 такви програми, од кои четири во Скопје и по една во другите 13 градови. Овие програми се карактеризираат со комплементарност,  нудат повеќе услуги на едно место – размена на стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош. Токму поради ваквите карактеристики, овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко.

 

Во склоп на кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ имаме дел каде може да испратите приказна : Ти, јас, општеството и програмите за намалување на штети од употреба на дроги?

Нашите корисници на услугите од програмите за намалување на штети веќе почнаа да даваат изјави зошто им значат програмите за намалување на штети од дроги.

Годинава му се обративме на Моби ( mobygratis.com​), за да биде дел од нашата кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница” чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.

Ја добивме неговата поддршка со гратис користењето на неговата песна Dashed Ambitions. Ти благодариме Моби и на сите вас во видеото за сите вложени години наназад и за целета поддршка во текот на кампањата! #supportdontpunish #спасиживоти