Aктуелно

Irena Mila

Заврши јавниот повик за избор на најдобра новинарска статија на тема: „Одржливоста и потребата на програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Република Македонија“.

Повикот беше отворен за сите новинари од печатените и електронските медиуми, како и студентите на студиите по новинарсто од последната година на студии. 

Првонаградената новинарска статија е на Елица Бочвароска со нејзиниот натпис „Државата не дава пари за ХИВ тестирање, ќе расте бројот на болни од сида“ и второнаградената новинарска статија е на Емилија Петреска.  „Со ХИВ се живее, но молчењето и стравот создаваат стигма.

Им честитаме на наградените за одличните статии.

 

admin

Во склоп на кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ имаме дел каде може да испратите приказна : Ти, јас, општеството и програмите за намалување на штети од употреба на дроги?

Нашите корисници на услугите од програмите за намалување на штети веќе почнаа да даваат изјави зошто им значат програмите за намалување на штети од дроги.

admin

 

И оваа година ХОПС – Опции за здрав живот Скопје е дел од меѓународната кампања Support. Don't Punish. Подржи не казнувај. Главна цел на оваа кампања во Македонија е одржливоста на програмите за намалување на штети од употреба на дроги . 

Македонија се наоѓа во фаза на неизвесност во однос на континуитетот на превентивните програми за ХИВ вклучително и програмите за намалување на штети од употреба на дроги кои до сега ги спроведуваат граѓанските организации а беа финансирани од Глобалниот фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија. Имено, проектот за превенција на ХИВ финансиран од страна на Глобалниот Фонд завршува на 30 Јуни и постои сериозна опасност без соодветна финансиска подршка од страна на Министерството за здравство и Владата на РМ најголемиот дел од овие програми да престанат да работат. 

 

admin

(Скопје, 22.06.2017) - „Со клучни одлуки до здрава заедница“ е кампања на Здружението на граѓани ХОПС, за континуирана финансиска поддршка на програмите за намалување на штетите од употреба на дроги. Кампањата е воедно повик до носителите на одлуки за продолжување на проектите и програмите кои работат на превенција и унапредување на јавното здравје.

Програмите за намалување штети се карактеризираат со комплементарност и нудат повеќе услуги на едно место. Размена на стерилен прибор за инјектирање, дистрибуција на кондоми, услуги од медицинско лице за советувања, базичен третман на рани поради долготрајно и неправилно инјектирање, едукации, како и социјален работник за поддршка за остварување на правата од социјална и здравствена заштита, асистенција и придружување на клиенти до соодветни институции и организации, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош се бројните функции на овие програми.

Достапноста  на  програмите за нас како спроведувачи значи да ги сведеме на минимум негативните ефекти што произлегуваат од употребата на дроги. Програмите ни овозможуваат да едуцираме, да интервенираме при размена на стерилен прибор, да советуваме преку нашите стручни соработници и на повеќе начини да им помогнеме на луѓето кои употребуваат дроги и нивните семејства. Токму поради ваквите карактеристики, овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко. Ваквиот пристап и овој процес има и економски аспект, односно е неколку пати поевтин отколку трошокот за лекување на зависноста“, изјави Христијан Јанкулоски, извршен директор, ХОПС.

admin

Во Македонија постојат 17 програми за намалување штети од употреба на дроги во речиси сите поголеми градови. Што всушност претставуваат овие програми?

Според Европскиот центар за мониторинг на дрогите и зависностите од дроги, намалувањето штети се дефинира како збир од активности, програми и политики насочени кон намалување на здравствените, социјалните и економските последици од употребата на дроги на индивидуално, локално и општествено ниво.

 

Во 1996 година, во Република Македонија е отворена првата програма за намалување штети (со размена на прибор за инјектирање) и ХИВ превенција меѓу луѓето кои користат дроги. Со поддршката на Глобалниот фонд, од 2004 година се отворија вкупно 17 вакви програми во 14 градови и тие се оценуваат како едни од најдобрите во Централна и во Источна Европа, како и во Централна Азија. Благодарение на овие програми, во последниве десет години, во Македонија се евидентирани само два нови случаи на ХИВ, заразени преку инјектирање дроги.