Изјави на нашите корисници на програмите за намалување на штети од дроги

Во склоп на кампањата „Со клучни одлуки до здрава заедница“ имаме дел каде може да испратите приказна : Ти, јас, општеството и програмите за намалување на штети од употреба на дроги?

Нашите корисници на услугите од програмите за намалување на штети веќе почнаа да даваат изјави зошто им значат програмите за намалување на штети од дроги.

А: „Услугите на ХОПС ги користам од 2009 година. За ХОПС дознав преку пријатели. ХОПС за мене значи многу: одржување на хигиена, спречување на зарази, инфективни болести, превенција од ширење на хепатит Ц, ХИВ и други. Загрижена сум за затварањето на програмите, ние сме со лоши хигиенски навики, без ХОПС ќе биде страшно, може и фатално. Што ќе правиме? Само вас ве имаме.“

#СпасиЖивоти потпиши се!!