Видео

Македонија се наоѓа во фаза на неизвесност во однос на континуитетот на превентивните програми за ХИВ вклучително и програмите за намалување на штети од употреба на дроги кои до сега ги спроведуваат граѓанските организации а беа финансирани од Глобалниот фонд за борба против Сида, туберкулоза и маларија.

Програмите за намалување на штети од употреба на дроги во Македонија датираат уште од 1996 година. Оттогаш до денес се развиени вкупно 17 такви програми, од кои четири во Скопје и по една во другите 13 градови. Овие програми се карактеризираат со комплементарност,  нудат повеќе услуги на едно место – размена на стерилен прибор за инјектирање, кондоми, услуги од медицинско лице, социјален работник, теренска работа, тестирање за ХИВ и за хепатит Ц, а во 6 градови и бесплатна правна помош. Токму поради ваквите карактеристики, овие програми се препознаени како добра пракса не само во регионот туку и пошироко.

 

Годинава му се обративме на Моби ( mobygratis.com​), за да биде дел од нашата кампања „Со клучни одлуки до здрава заедница” чија главна цел е одржливост на програмите за намалување штети од употреба на дроги во Македонија.

Ја добивме неговата поддршка со гратис користењето на неговата песна Dashed Ambitions. Ти благодариме Моби и на сите вас во видеото за сите вложени години наназад и за целета поддршка во текот на кампањата! #supportdontpunish #спасиживоти